Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на САД. Бранителот на титулта, ја освои деветтата пол-позиција во сезоната, која за него е вкупно 81. во кариерата.
Британецот на патеката во Остин, до пол-позицијата дојде во последниот круг од квалификациите, кога забележа време 1:32.237 минути. Квалификациите како втор ги заврши Себстијан Фетел од Ферари. Германецот имаше послбо време од Хамилтон за 61 илјадити од секундата.
Фетел поради казната што ја доби на третиот тренинг ќе стартува од петтата позиција.
На третата и четвртата позиција квалификациите ги завршија Кими Раиконен на Ферари (1:32.307 минути) и Валтери Ботас на Мерцедес (1:32.616 минути).
Во првиот ред трката за Големата на САД ќе ја стартуваат Хамилтон и раиконе, зад нив ќе тргнат Ботас и Рикардо, а покрај Фетел во третиот ред ќе биде Окон. Следуваат Хулкенберг, Грожан, Леклерк и Перез.
Трката во Остин ќе започне во 20:10 часот.