Top Sport

Хамилтон: Знам кој сум и колку сум добар

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон најави дека наскоро ќе потпише нов договор со тимот на Мерцедес во Формула 1. Британецот има 37 години, а во едено од претходните интервјуа најави дека ќе вози уште пет години.

„Ќе ме гледате долго време. Блиску сме до потпишување на нов договор. Се би требало да се знае во следните неколку месеци“, изјави Хамилтон.

Во текот на кариерата, покрај седум титули, постигна 103 победи и 103 пати ја зазеде пол позицијата, со што стана рекордер во двете категории. Сепак, ова може да биде негова прва сезона од 2007 година, кога влезе во Формула 1, без ниту еден триумф.

Пред трката за Големата награда на Мексико, Хамилтон зборуваше и за тоа дали е најдобриот возач во историјата.

„Знам кој сум и знам колку сум добар, но не сакам да зборувам за тоа. Она што имам да го кажам го демонстрирам на патеката. Така правев од почетокот на кариерата, така ме научи татко ми кога се соочив со дискриминација како единствен црн возач. Сега нема потреба многу да кажувам, се се гледа“, изјави Хамилтон.

Формула 1 шампионатот продолжува со трката за Големата награда на Мексико овој викенд.

Scroll to Top