Top Sport

Хартли останува и во Мексико на местото на Квјат

Брендон Хартли ќе го задржи местото во тимот на Торо росо и на Мексиканското ГП, што значи дека Данил Квјат повторно ќе „паузира“. Партнер на Хартли во Мексико Сити ќе биде Французинот Пјер Гасли, кој се враќа во тимот по паузата од една трка.

Новозеланѓанецот Хартли ја заврши првата трка во Остин на 13. место, додека Квјат беше 10., за само по третпат да биде во поени оваа сезона. Торо росо објавата ја дадоа во еден пасус – дека нивниот тим за Мексико ќе биде во состав Гасли-Хартли.

Пред Американското ГП, Квјат побара „разјаснување“ на ситуацијата од Ред бул, но посочи дека има долгогодишен договор со компанијата. Торо росо се шести во генерален пласман со 15 поени заостанување зад Вилијамс Ф1 и само пет поени пред Рено. Секое место напред или назад значи милиони долари во парите од ТВ-правата.

Квјат бара „објаснувања“, трката во Америка негова последна?

Scroll to Top