Top Sport

Квјат бара „објаснувања“, трката во Америка негова последна?

Американското ГП во Остин вечерва најверојатно ќе биде последната трка за Данил Квјат во тимот на Торо росо, откако рускиот тркач побара „објаснувања“ од тимот, а се верува дека тие веќе решиле да возат со Пјер Гасли и Брендон Хартли.

Планот на Торо росо беше Квјат и Гасли да се тркаат во Тексас, откако Карлос Саинс јуниор замина во Рено, но Хонда сакаше да го остави Гасли во Јапонија за Супер Формула финалето (кое беше откажано), така што тие се решија да го земат поранешниот победник од Ле Ман, Новозеланѓанеоцот Брендон Хартли. Квјат чувствува дека нешто не е во ред.

„Мислам дека сè може да се реши, но само ако има вистинска насока и вистинска цел. Подготвен сум да бидам дел од тоа, но ако остане вака – една трка сум тука, другата правам место за некој друг, тогаш тоа не е многу интересно. Немам лоши чувства кон Ред бул, имам долг договор со нив и ќе направам сè да се тркам“, изјави Квјат.

Scroll to Top