Кевин Харвик победи на Квик Трип 500 трката во Атланта. За Харвик ова беше втората победа сезонава, вкупно 51 во кариерата, во Наскар шампионатот.
Возачот на Форд беше на чело на колоната на 151 од вкупно 325 кругови, на крајот ги победи ривалите за 3,527 секунди.
Второто место му припадна на Кајл Буш, додека трет заврши Мартин Тру јуниор. Победникот на претходните две трки Бред Кеселовски го освои осмото место.
Харвик е лидер во генералниот пласман со 421 поен, втор е Џои Логано со 373,а трет Чеиз Елиот со 365.
Наредната трка ќе се вози во среда на 10 јуни во Вирџинија.
#NASCAR | @KevinHarvick does it again @amsupdates … Another win for #Ford!
1️⃣ – Harvick
4️⃣ – @Blaney
9️⃣ – @keselowski
? – @joeylogano #BuiltFordProud pic.twitter.com/9HsBdpuoX7— Ford Performance (@FordPerformance) June 7, 2020