Top Sport

Хас го отпуштија Никита Мазепин

Никита Мазепин нема да вози за Хас во новата сезона, во Формула 1. Поради воената интервенција на Русија во Украина, Хас го раскина договорот со младиот возач.

Оваа одлука на Хас е очекувана, бидејќи во изминатите денови медиумите шпекулираа дека Хас ќе се решат на ваков чекор. Хас ја прекина соработката и со главниот спонзор, компанијата „Уралкали“ чии сопственик е таткото на Никита, Дмитриј Мазепин.

„Хас донесе одлука да ја прекине соработката со „Уралкали“ и Никита Мазепин. Нашиот тим е шокиран и тажен поради инвазијата на Украина. Сакаме конфликтот миро да заврши“, се наведува во соопштениет на Хас.

Најверојатно, на местото на Мазепун, Хас ќе го ангажира Пјетро Фитипалди, внукот на двократниот Ф1 шампион, Емерсон Фитипалди.

Пјетро има искуство во Ф1, тој во 2020 година, возеше на трката во Абу Даби.

Scroll to Top