Top Sport

Хас го потврди Нико Хулкенберг

Мик Шумахер нема да вози за Хас наредната сезона. Синот на славниот Михаел Шумахер, во овој момент нема тим, се шпекулира дека можа да биде тест возач на Мерцедес. Тимот на Хас потврди дека Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ќе возат за нивниот тим во следната сезона во Формула 1.

„Хас потпиша договор со Хулкенберг и тој ќе биде дел од нашиот тим заедно со Данецот Кевин Магнусен. Нико е ветеран со 181 трка во Формула 1. Досега во кариерата има освоено 521 поен, имаше една пол-позиција во Бразил 2010 година, два најбрзи круга, три пати во кариерата го освојувал четвртото место“, се вели во соопштението.Хаса.

Во последните две години, Хулкенберг ја имаше улогата на резервен возач во Астон Мартин. Тој на почетокот на оваа сезона возеше на местото на Себастијан Фетел на трките во Бахреин и Саудиска Арабија.

„Среќен сум што се враќам со полно работно време во Формула 1, сега со тимот на Хас. Благодарен сум за можноста што ја добив од Хас и Гинтер Штајнер. Едвај чекам да започне новата сезона“, изјави Хулкенберг.

Scroll to Top