Top Sport

Хас го потврдија Фитипалди за Мексико и Абу Даби

Бразилскиот возач Пјетро Фитипалди ќе учествува на првите тренинзи за време на тркачките викенди во Бразил и Абу Даби, потврди првиот човек на Хас, Гинтер Штајнер.

Внукот на легендарниот шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, веќе извесно време е дел од караванот како резервен возач на Хаас. Тој учествуваше на две трки во шампионатот, кога во болидот го замени Роман Грожан на крајот на 2020 година.

Французинот тогаш се опоравуваше од повредите здобиени за време на трката за Големата награда на Бахреин, кога неговиот болид се запали по страшната несреќа.

„Пјетро беше одличен за време на тестирањата пред почетокот на сезоната, кога за прв пат го возеше болидот за оваа сезона во Бахреин. Знам дека со нетрпение ја очекува можноста повторно да вози, со задоволство ќе му овозможиме на тренинг“, заклучи Штајнер.

Scroll to Top