Top Sport

Хауг го предупреди Мерцедес: Ср.ња се случуваат, сега замолчете!

Долгогодишниот претседател на Мерцедес Ф1, Норберт Хауг вели дека неговиот поранешен тим мора да „замолчи“ со коментарите за контроверзната последна трка од сезоната во 2021 во Абу Даби, во која ја загубија титулата во последниот круг.

Мерцедес се бесни на директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси, откако Австралиецот дозволи само петте болиди кои беа меѓу лидерот на трката Луис Хамилтон и Макс Ферстапен да ги претекнат за да дозволат трка во последен круг за победа, која на крајот му припадна на Ферстапен, како и титулата. Мерцедес протестираа, но нивните протести беа обвинети и сега до утре имаат право да се жалат на одлуката пред судовите на ФИА.

Хауг, поранешниот потпретседател на Мерцедес Моторспорт и главен при освојувањето на титулите на Мика Хакинен со Мекларен-Мерцедес, вели дека тоа е веќе минато.

„Можете само да кажете дека ср.ња се случуваат. Сфаќам дека понекогаш ги губиш нервите, и не знам што ќе се случеше ако беше обратно. Но, совет до сите, обичните моторспорт фанови  не сакаат да го гледаат тоа. Треба да си голем и да замолчиш. Не беше лесно ниту на мене кога бев во спортот. Кога излезе безбедносното возило сите знаеја дека ќе биде тешко. Што и да направеа од ФИА ќе беше проблематично. Тогаш доаѓа лутината“, вели Хауг.

Со него се согласува и самиот Хакинен, кој вели дека ќе беше многу полошо за Ф1 титулата да се одлучеше со финиш на последната трка зад безбедосно возило.

„Дали Мајкл Маси беше во право? Мислам дека ќе беше многу полошо ако овој шампионат завршеше зад безбедносно возило, што ќе беше вистински антиклимакс.  Одлуката на директорот на трката, поддржан од стјуардите е основан на неговото разбирање на правилата, но и на неговата одговорност да одлучи кога безбедносното возило ќе се врати во боксот. Според безбедоста и промовирањето на тркање, Мајкл ја заврши работата. Ако Мерцедес се решат на протест ќе се разгледаат деталите, но не верувам дека резултатот ќе се смени“, пишува Хакинен во својата колумна.

Scroll to Top