Поранешниот светски шампион Дејмон Хил вели дека Луис Хамилтон му направил „совршен трик“ на Макс Ферстапен на Бахреин ГП трката во неделата, и дека со тоа ја докажал својата големина.
Ферстапен беше најбрз на сите сесии на првата трка од сезоната и стартуваше од првото место, но на трката, Хамилтон прво го помина Ферстапен со стратегијата со влегување во боксот, за во последните кругови од трката да го натера да се обиде да го претекне во позиција во која излезе од патеката, по што возачот на Ред бул му го врати првото место.
„Мислам дека имаше многу кои се обложија дека Макс Ферстапен ќе победи на таа трка, но Хамилтон покажа фантастични перформанси под притисок додека го ловеа. Кога Макс нападна, Луис имаше уште некој трик во ракавот. Тоа беше еден од моментите кои ќе ја дефинираат Ф1, како кога Михаел Шумахер пристигна во Ф1. Макс Ферстапен, младиот предизвикувач против седумкратниот светски шампион, Сер Луис Хамилтон. Мислам дека Макс ќе прифати дека беше жртва на добар трик. Луис го намести, и тој падна на финтата“, вели Хил.