Тимот на Торо росо објави кратко видео на кое се гледа како нивниот нов јапонски партнер Хонда го пали моторот на новиот СТР13 болид првпат оваа година.
Торо росо оваа година е новиот партнер на Хонда, откако Мекларен по три години неуспешно партнерство одбележано со проблеми со брзината и постојаноста на моторот се решија за моторите на Рено.
Најмалкиот италијански Ф1 тим на Твитер го покажа РА618Х моторот на Хонда во шасијата на СТР13 пред „шејкдаунот“ во Мизано оваа недела пред официјалнио старт на пред-сезоната со зимското тестирање во Шпанија на 26 февруари. Официјално, Торо росо ќе го претстави болидот утрото пред стартот на тестирањето.
What a fantastic Valentine’s Day, the STR13 and the Honda RA618H finally meet ❤️ pic.twitter.com/vEY14v28Aw
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 14, 2018