Шампионот во Мото ГП од 2020 година, Џоан Мир (24), ќе биде новиот возач на Репсол Хонда од следната сезона, официјално потврдија од тимот. Мир ќе биде колега со Марк Маркез, додека тимот ќе го напушти Пол Еспаргаро, кој не ги исполни очекувањата.
Репсол Хонда објави дека со Мир потпишале двегодишен договор.
Во својата кариера во Мото ГП, Мир има 11 победи, 16 подиуми, две пол-позиции на вкупно 37 трки.
Сепак сезонава Мир не е во форма, во генералниот пласман се наоѓа на 12.место.