Фабричкиот тим на Хонда до 2022 година сигурно ќе биде познат под името Репсол Хонда. Двете компании постигнале договор да ја продолжат спонзорската соработка и во наредните две години.
Компанијата чија главна дејност е преработката на нафта е главен спонзор на Хонда од 1995 година. Во изминатите 25 години ова партнерство на двете компании им донесе 15 титули кај возачите.
Се започна со Мајк Дуан, а продолжи со Алекс Кривие, Валентино Роси, Ники Хејден, Кејси Стонер и Марк Маркез.
Оваа сезона, поради повредата на Марк Маркез, Репсол Хонда ја имаат најслабата сезона во последната деценија. На првите девет трки во сезоната само еднаш тимот имаше возач на победнчкиот пиедестал. Минатиот викенд во Франција Алекс Маркез го освои второто место.
Во новата сезона за Репсол Хонда ќе возат Марк Маркез и Пол Еспаргаро.