Top Sport

Хонда му стави „вето“ на Алонсо за настап на Инди 500!

Ако двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо се обиде да ја комплетира „тројната круна“ на мотоспортот со триумф на Индијанаполис 500 трката, тоа ќе биде со автомобил со мотор на Шевролет, откако Хонда стави „вето“ за негов настап во Андрети аутоспорт тимот.

38-годишниот Алонсо имаше нестабилна соработка со Хонда, кога јапонскиот производител беше снабдувач на мотори на Ф1 тимот на Мекларен, честопати критикувајќи ги за слабата моќ и изддржливост на нивниот мотор.

Алонсо импресионираше во своето деби со Андрети со Хонда во 2017 година, водејќи повеќе кругови на Инди 500 пред да му откаже моторот, а минатата година се врати со Мекларен со мотор на Шеви, по раскинот на партнерството со Хонда, за неславно тимот да не успее да се квалификува за трката. На Хонда исто така не им се допаѓа тоа што Алонсо неодамна го комплетираше Дакар релито со автомобил на нивните главни бизнис-ривали, Тојота.

38-годишниот Алонсо се обидува да ја освои „тројната круна“ – победа на трите најелитни автомобилиски трки – Ф1 трката во Монако, 24 часа Ле Ман и Индијанаполис 500. Тој веќе одамна имаше победа во Монако, за лани да триумфира на 24 часа Ле Ман.

Scroll to Top