Top Sport

Мурињо: ВАР е смешка, Стерлинг мораше да добие црвен!

Жозе Мурињо беше пресреќен што Тотенхем успеа со 2:0 да ги победи Манчестер сити, но инсистираше дека Рахим Стерлинг морал да добие црвен картон во првото полувреме од дербито.

ВАР-системот беше на удар на критиките поради пеналот кој беше досуден во финишот на првото полувреме, но Мурињо повеќе сакаше да го коментира „дивјачкиот“ старт на Стерлинг над Деле Али, за кој тој не доби ниту жолт картон.

„Среќен сум за момците, имавме малку среќа во одредени ситуации, но од друга страна ВАР системот не даде црвен картон за Рахим Стерлинг, што е навистина несфатливо. Тоа беше чист црвен картон и ќе беше поинаку да игравме 75 минути против 10 играчи“, вели Мурињо.

Scroll to Top