Јапонскиот производител Хонда потврди дека тимот на Торо росо ќе има нови мотори за овој викенд и Руското ГП, што значи дека двајцата возачи ќе добијат казни на стартот.
Јапонците повеќе месеци работат на новиот мотор и се верува дека се работи за почетен стадиум на развојот на моторот за 2019 година, кога и Ред бул рејсинг ќе возат со нивните мотори. Подобрувањата се поврзани околу моторот со внатрешно согорување, но се додаваат и други елементи.
По трката во Сочи на распоред е домашното Јапонско ГП, каде што очекуваат добра трка пред домашните гледачи.
„Воведуваме промени на моторот на двата болиди. Целта е да се добие на перформанси на подолго план“, велат од Хонда.