Top Sport

Бускетс доби договор со клаузула од 500 милиони евра!

Серхио Бускетс потпиша нов договор со Барселона, со кој фудбалерот од средниот ред ќе остане на „Ноу Камп“ до 2023 година, а во условите на новиот договор има клаузула за отпуст од фантастични 500 милиони евра.

30-годишниот Бускетс е дел од славната академија „Ла масија“ на Каталонија и ја помина досега цела кариера во тимот на Барселона, каде што најверојатно и ќе ја заврши кариерата. Овој договор доаѓа по шпекулациите дека Бускетс е заинтересиран да се приклучи на својот поранешен ментор Пеп Гвардиола во Манчестер сити, но сега на таа поврзаност и доаѓа крај.

Со овој договор, Бускетс сигурно ќе ја помине границата од 500 настапи за својот клуб, бидејќи за тоа му недостасуваат само уште 10 настапи.

Scroll to Top