Top Sport

Хонда во Ф1 сигурно само уште една сезона, за понатаму ќе се „размислува“

Јапонскиот гигант Хонда е обврзан да остане во Формула 1 уште една сезона, додека во Токио се разговара за тоа дали се исплаќа да се биде вклучен во елитата на мотоспортот, за уште една главоболка за шефовите „Либерти медија“, кои исто така се соочуваат со заминување на Мерцедес, Рено и Хас.

Рено веќе потврди дека ќе размисли да остане во спортот само како снабдувач на мотори, Хас Ф1 најави дека ако не се намалат трошоците сигурно ќе заминат, додека шпекулациите велат дека Мерцедес може да се фокусира на Формула Е, серијата со електрични болиди.

„Почнавме да пресметуваме колку ќе чини спортот со новите регулативи од 2021 година. Забележуваме дека истиот предизвик е за сите производители вклучени во спортот посебно поради еколошките промени со електрификација на моторите. Тоа се врши интерно во Токио. Точно е дека трошоците се најголем фактор. За нас победувањето е важно, но само откако ќе одлучиме да учествуваме“, изјави генералниот менаџер на Хонда Ф1, Масаши Јамамото.

Scroll to Top