Top Sport

Погба не сака да се врати во игра, се „чува“ за трансфер во јануари?

Пол Погба се подготвува за трансфер од Манчестер јунајтед во јануари, а менаџерот Оле Гунар Солскјер е подготвен да го пушти да замине во Шпанија, тврдат британските медиуми.

Погба, кој беше главна цел на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во текот на летото, исто така го избегува враќањето во тимот по повредата на стапалото поради која не играше од септември, тврди британскиот „Сан“.

Погба има само пет настапи во Премиер лигата оваа сезона, и Солскјер минатата недела изјави дека очекува тој да се врати во тимот на крајот на годината, иако изворите велат дека Јунајтед ќе се согласат на трансфер од околу 150 милиони евра.

Французинот беше забележан на кошаркарски тренинг со ѕвездата на Мајами хит, Џими Батлер, но Солскјер вели дека тоа не е проблем.

„Стапалото уште не му е целосно заздравено, но поминаа шест недели и тој почна да го зголемува темпото на работа. Се надевам дека ќе го видиме во 2019. Но, не играме кошарка, бидејќи тоа може да има последици на зглобовите. Не е подготвен за тренинзи“, вели Солскјер.

Scroll to Top