Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер верува дека неговиот пулен Макс Ферстапен е најдобриот возач во Формула 1 и дека е подготвен во 2020 година да се бори за титулата.
Ферстапен имаше сопствен рекорд по бројот на победи, пол-позиции и поени во 2019 и влезе во топ 3 во генерален пласман првпат во кариерата, соборувајќи го „дуополот“ на Мерцедес и Ферари.
Меѓутоа, проблемите на Ред бул со новите правила за задните крила, и тој не беше сериозен кандидат за титулата. Сега, со стабилни правила и со силен мотор на Хонда во болидот, Хорнер верува дека дојде времето да се борат за титулата.
„Мислам дека тој ја презеде улогата на лидер на тимот прекрасно и сега е вистински комплетен возач. Тој имаше неколку фантастични трки оваа сезона и има над 100 трки зад него на само 22 години што му даде многу познавање на сите делови на Ф1. Ако му дадеме доволно добар болид, тој ќе може да се бори со Луис, Мерцедес и Ферари. Тој е на тоа ниво, неговата форма е фантастичниа и тој е најдобриот Ф1 возач во моментов“, вели Хорнер во пред-божиќното обраќање кон тимот.