Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер признава дека Себастијан Фетел е најдобриот возач со кого работел, и во исто време го пофали што добро се справува со притисокот кој го чувствува во Ферари.
Фетел возеше за Ред бул од 2009 до 2014, освојувајќи четири титули во низа од 2010 до 2013 година, по што замина во Ферари, каде што во три сезони досега не успеа да го донесе толку посакуваниот трофеј. Оттогаш повеќе возачи поминаа низ австрискиот тим, но Хорнер вели дека изборот за најдобар е лесен.
„Тој стануваше подобар и подобар со секоја наредна година во тимот. Порасна со нашиот тим и покажа неверојатни перформанси“, вели Хорнер.
Но, во Ферари ситуацијата е поинаква – во италијанскиот тим ништо друго не се цени освен титулите, посебно во ситуација во која десет години немаат титула.
„Можете да забележите дека го носи притисокот со него. Тој е како карпа во секој тим“, додава Британецот.