Top Sport

Калиниќ: Селекторот не ми веруваше, но тоа сега е во минатото

Никола Калиниќ беше претставен како нов фудбалер на Атлетико Мадрид по трансферот од Милан, и шпанските новинари нормално беа заинтересирани за неговото лето, односно за исфрлањето од хрватската репрезентација на СП во Русија, каде подоцна тие стигнаа до среброто.

„Не зборував за тоа со Диего Симеоне. Тоа што се случи во репрезентацијата, се случи. Нема врска со тренерот, туку со селекторот на Хрватска, кој не сметаше за мене на СП. Не сакав да го земам среброто бидејќи не играв во Русија и не помогнав на Хрватска за големиот успех. Сега ме чекаат нови предизвици со Атлетико, другото е минато“, вели Калиниќ.

Калиниќ заминува од Милан по само една сезона, откако беше најавен како големо засилување од Фиорентина (за 20 милиони евра) и сега „росонерите“ ќе добијат 15 милиони евра за него.

„Ќе го дадам максимумот да ги исполнам целите. Одиграв половина час на пријателскиот меч со Интер, но тоа е само почеток. Едвај чекам да стартуваме“, додаде Калиниќ.

Scroll to Top