Top Sport

Хорнер: Хамилтон не заборавил да вози, осумкратен шампион е… Извинете седумкратен

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон сигурно ќе биде „фактор“ во борбата за титулата оваа сезона и покрај катастрофалната форма на неговиот Мерцедес.

Ред бул оствари двојна победа со Макс Ферстапен и Серхио Перез во Имола, додека Хамилтон беше на 13. место и во трката имаше неславен момент кога беше претекнат за цел круг од страна на Ферстапен. Сепак, Хорнер верува дека ситуацијата ќе се промени.

„Да, имаше ужасен викенд, но уште е осумкратен светски шампион… Седумкратен, заборавив дека Нико Розберг победи. Сигурно не заборавил да вози во последните четири трки, така што кога ќе ги надминат проблемите во Мерцедес, ќе биде фактор во борбата за победи и за титулата“, вели Хорнер.

Scroll to Top