Top Sport

Федерер ќе игра на домашниот турнир во Базел во октомври

Роџер Федерер сигурно ќе игра на својот домашен турнир, Свис Индорс во Базел во октомври, тврдат швајцарските и британските медиуми, зголемувајќи ги шпекулациите дека 20-кратниот гренд слем шампион ќе објави повлекување од спортот на тој турнир.

Федерер ќе има 41 година за време на турнирот и е десеткратен шампион во Базел, каде што нем загубено од 2013 и каде што ја освои последната од своите 103. титули во 2019 гоина.

Швајцарецот нема играно од Вимблдон во јули 2021 година, кога замина на трета операција на коленото. Тој исто така планира да игра и на Лејвер купот во септември во Лондон.

Scroll to Top