Top Sport

Хорнер „освои“ посета на фабриката на Мерцедес, но таа нема да се случи

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер, сепак, нема да добие турнеја на фабриката на Мерцедес во Брекли, иако ја доби оваа награда на добротворната аукција при доделувањето на Аутоспорт наградите.

Хорнер освои ваква награда откако лицитираше 4.000 фунти за да добие посета на фабриката каде што се изработуваат моторите на Ф1 болидите на лутите ривали, заедно со уште тројца луѓе, но сепак таа нема да се реализира откако Мерцедес мислеле и на ваква околност – во правилата на аукцијата стои дека „вработени во други Ф1 тимови не можат да се пријават за наградата“.

Обидот на Хорнер да добие пристап до фабриката на Мерцедес (можеби заедно со тројца инженери), доаѓа откако тој беше вклучен во луто ривалство со шефот на „сребрената стрела“, Тото Волф во тесната битка за титулата, која на крајот ја доби возачот на Ред бул, Макс Ферстапен.

Scroll to Top