Top Sport

Родриго со супер-гол не дозволи победа на Атлетико на „Месталја“ (видео)

Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа интересно реми (1:1) во нивниот прв меч од новата сезона од Ла лига, откако домаќините успеаја да се вратат по релативно раното водство на тимот на Диего Симеоне.

Антоан Гризман одлично ја избегна офсајд-стапицата и го пронајде Анхел Кореа, кому не му беше проблем да го совлада Нето за водство на „јорганџиите“, кои добија понеделнички термин во Ла лига по славната победа над Реал Мадрид во европскиот Суперкуп во Талин, Естонија.

Меѓутоа, Валенсија сакаше да покаже дека оваа сезона е кандидат за висок пласман, и во 56. минута израмни, откако Родриго покажа одлична контрола со топката, за да ја матира одбраната на Атле и голманот Облак.

Фото: ЕПА


Scroll to Top