Top Sport

И Ферари се „свртеа“ против Рејсинг поинт

Пред сослушувањето пред ФИА по протестот на Рено околу дизајнот на болидот на Рејсинг поинт, и Ферари се приклучи на „кампањата“ против тимот кој го копираше минатогодишниот болид на Мерцедес, барајќи објаснување за дали е дозволена техниката на „обратен инженеринг“ во Ф1.

Рено официјално протестира само за дизајнот на сопирачките на болидот на Рејсинг поинт, кои според нив се копија на сопирачките на Мерцедес од 2019, а Ферари бара разјаснување за тоа што претставува „дизајнирање“ во Формула 1.

Покрај Рено и Ферари, и Мекларен во текот на Британското ГП потврдија дека се придружуваат кон протестот.

„Повеќето тимови не го сакаат тоа што го прави Рејсинг поинт. Дали е легално, тоа треба да го одлучи ФИА, но мислам дека се работи за нарушување на духот на Ф1“, изјави претседателот на Мекларен, Зек Браун.

Одлуката во овој случај ќе има многу големо влијание на комерцијалните договорите на Ф1 со тимовите. Мекларен, Ферари и Рено тврдат дека со овој модел се работи за таканаречени „кориснички“ болиди и ако тоа е дозволено, тогаш треба да има промена и на парите кои се добиваат од спортот.

Scroll to Top