Top Sport

И кога возеле картинг, Леклер и Ферстапен се туркале! (видео)

Спектакуларниот крај на Австриското ГП во Шпилберг во неделата попладне ја врати вербата на Ф1 фановите дека барем новата генерација на возачи нема да имаат проблем да се борат еден со друг директно за победи.

Асот на Ред бул, 21-годишниот Макс Ферстапен го победи својот врсник и стар познаник Шарл Леклер со контроверзно претекнување по кое на стјуардите им требаа три часа да утврдат дека на крајот не треба да казнат никого.

Но, ова не е првпат двајцата да се во ваков конфликт. Веднаш по инцидентот на Интернет се појави старо видео во кое двајцата возачи даваат интервју по картинг трка во Италија во 2012 година, кога по инцидентот меѓу двајцата возачи размислувањата беа различни – тогаш Ферстапен се жалеше на потегот на Леклер, а возачот од Монако се бранеше.

Како и да е, ја чекаме следната епизода меѓу двајцата возачи.

Нема казна за Ферстапен, останува неговата победа во Австрија

 

Scroll to Top