Top Sport

Шпанците се одмаздија на Германците и ја освоија У-21 европската круна (видео)

Шпанија е новиот европски шампион за репрезентации под 21 година, откако на „Дачија арената“ во Удине со 2:1 ја совладаа Германија, одмаздувајќи се за поразот во финалето на минатото младинско ЕП, кога „панцерите“ славеа со 1:0.

Фабијан Руиз донесе рано водство за „фуријата“ во седмата минута, пред фудбалерот на Динамо Загреб, Дани Олмо во 69. минута да го удвои водството на тимот на селекторот Луис де ла Фуенте. Надием Амири го направи финишот на мечот интересен откако намали на 2:1 во 88. минута.

Шпанците, кои во својот состав ги имаат младите ѕвезди на Реал Мадрид, Дани Себалјос и на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, иронично го започнаа турнирот со пораз од домаќините Италија, пред да влезат во вистинска форма.

Scroll to Top