Top Sport

И на Хамилтон му е здодевно: Ферари мораат да се „кренат“

Петкратниот светски шампион, Луис Хамилтон им порача на ривалите од Ферари да ги кренат своите перформанси ако сакаат да се натпреваруваат за титултата оваа сезона, откако Мерцедес оствари четири 1-2 победи во првите четири трки од сезоната.

Ова е најдобар страт на една сезона за еден тим и доаѓа откако пред стартот на сезоната се сметаше дека Ферари се фаворитите по доминацијата на зимското тестирање. По четири трки, колегата на Хамилтон, Валтери Ботас е прв во генерален пласман со поен пред Британецот,т додека Себастијан Фетел заостанува веќе 35 поени од првото место.

„Се надевам дека во некој дел од сезоната ќе се на врвот со нас. Во Азербејџан мислам дека едноставно немаа доволно брзина да бидат во предниот ред со нас. Потребни се 100 отсто посветеност во текот на целиот викенд и мислам дека ние сме блиску до тоа. Тие ќе мора да се кренат ако сакаат да се борат со нас“, вели Хамилтон.

Scroll to Top