Top Sport

Добри вести за Клоп, Фирмино ќе биде подготвен за мечот со Барселона

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп има една главоболка помалку, ќе го има Роберто Фирмино на располагање пред полуфиналниот дуел против Барселона. Неговиот настап беше под знак прашалник откако поради повреда го пропушти последниот премиерлигашки дуел против Хадерсфилд.

Сепак, Бразилецот нормално тренирал и ќе биде подготвен за дуелот со Каталонците.

„Од почетокот знаевме дека со Фирмино ќе имаме трка со времето. Не мора денеска да носиме одлука затоа што мечот е утре, може да почекаме. Засега изгледа добро и утре по ручекот ќе одлучиме за неговиот настап“ рече Клоп.

Scroll to Top