Top Sport

И Жак Вилнев ќе вози виртуелни трки со легендите

Поранешниот Формула 1 шампион, Жак Вилнев се придружи на групата легендарни автомобилисти кои учествуваат во натпреварот во виртуелни трки.

Вилнев е третиот шампион во Ф1 кој ќе се натпреварува во симулација на авто трки на екс-ѕвезди постари од 40 години, под името „Legends Trophy“.

Вилнев кој е шампион на Ф1 од 1997 година е сестран возач. Пред него учеството во виртуелните трки го потврдија Бразилецот Емерсон Фитипалди (79) и Британецот Џенсон Батон.

Организаторите на виртуелните трки очекуваат овој вид натпревар да влезе во домовите на над 600 милиони љубители на овој спорт.

Scroll to Top