Top Sport

Гатузо: Можев да играм за Бока, жена ми не ме пушти!

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо откри дека имал можност да заигра за трофејниот аргентински клуб, Бока Јуниорс во 2012 година, но неговата сопруга го блокирала трансферот.

„Бев близу да прејдам во Бока во 2012 година, но мојата сопруга се прашува кај нас дома и не ме пушти да одам. Нашите деца тогаш беа мали, па не беше вистинско време за таков потег“ – рече Гатузо.

Тој таа година го напушти Милан, па премина во швајцарски Сион каде првин играше, а потоа работеше и како тренер на клубот.

Тренерската кариера го водеше во Палермо, Крит, Пиза, во Милан и сега во Наполи.

„Не е тајна дека отсекогаш и се воодушевував на Бока. Бев доволно среќен да играм против нив и да го освојам Интерконтиненталниот куп“ – рече Гатузо.

Scroll to Top