Игор Стефановски – Иџе оваа сезона ќе се натпреварува во ТЦР серијата. Иџе, изминатите две сезони се натпреваруваше во Европскиот шампиона на кружни патеки (ЕТЦЦ), натпреарување кое повеќе не постои.
Стефановски, оваа сеозна во ТЦР шампионатот ќе вози со моделот на Хјундаи „И30“.
„Се натпреварувам со нов автомобил, но тој ги има сите потребни перформанси што се потребни за настап во овој шампионат. ТЦР е тешко натпреварување, во него настапуваат искусни возачи, големи шампиони. Се надевам дека со многу успех ќе ја преставувам нашата земја“, вели Иџе.
Првиот викенд во ТЦР шампионатот е на 5. и 6 мај, а ќе се вози на патеката „Пол Рикар“ во Франција.