Top Sport

„Франс фудбал“ официјално му се извини на Иниеста бидејќи не му дале „Златна топка“

Францускиот магазин „Франс фудбал“ формално му се извини на легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста што никогаш во неговата кариера не му ја доделиле „Златната топка“.

Станува јасно дека 22-годишниот престој на Иниеста на „Ноу Камп“ завршува оваа сезона, со трансфер во Кина како најреална опција, и „Франс фудбал“ објави порака со наслов „Прости ни, Андрес“, во која уредникот Паскал Фере го искажува своето жалење што Шпанецот не ја добил престижната награда поради „демократска аномалија“.

Фере жали што Иниеста заврши само како втор (2010) и трет (2012) во гласањето за најдобар фудбалер, и додава дека било тешко да се награди само Иниеста поради неговата поврзаност со Чави на теренот.

„За нас, Иниеста не беше само фудбалер, тој беше ФУДБАЛЕРОТ. Неговата дарежливост, тимска игра и љубов кон вистината му попречи да го добие ова престижноп натпреварување. Тој докажа дека мозокот е најпотребното нешто за да станеш шампион. Не боли тоа што неговото име не е на листата на добитници на ’Балон д’ор’“, вели Фере.

Навистина одличен омаж за ликот на Андрес Иниеста Лухан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top