Top Sport

Милвоки не го даваат врвот, нова победа за Далас и Дончиќ (Видео)

Милвоки Бакс забележаа нова победа во НБА лигата со која го задржаа првото место на Истокот, додека во целата лига врвот го делат со Лос Анџелес Лејкерс. Овие две екипи имаат скор 19 победи и три порази.

Бакс, изминатата ноќ, запишаа убедлива победа над Детроит Пистонс 127:103. Одново блескаше Јанис Адетокумбо со 35 поени и девет скока. најголемата поддршка Гркот ја имаше од Крис Мидлтон (17 поени) и Ерик Бледсо (13 поени).
Кај Детроит Андре Драмонд забележа 23 поени и 14 скока, а Ленстон Геловеј мечот го заврши со 20 поени.

Далас Маверикс славеа победа во дуелот со Минесота Тимбервулвс 121:114. Лука Дончиќ за стандардите што ги има поставено одигра „послаб“ натпревар. Словенецот забележа 22 поени, седум скока и шест асистенции. Прв стрелец на Далас беше Двајт Пауел со 24 поени.

Кај Минесота се истакнаа Ендрју Вигинс и Карл-Ентони Таунс со по 26 поени.

Резултати:

Шарлот-Голден стејт 106:91
Орландо-Финикс 128:114
Атланта-Бруклин 118:130
Бостон-Мајами 112:93
Чикаго-Мемфис 106:99
Оклахома-Индијана 100:107
Јута-ЛА Лејкерс 96:121
Портланд-Сакраменто 127:116

Scroll to Top