Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, нема да вози и на последната трка во сезоната, Големата награда на Валенсија. Шпанецот, поради потрес на мозокот ја пропушти и трката која во неделата се возеше во Портимао, Португалија.
Поранешниот светски првак има проблеми со видот, поради што ја посетил клиниката во Барселона. На едното око гледал дупло.
„Ова се тешки моменти. Во иста ситуација бев и во 2011 година. Морам да бидам трпелив и со оптимизам да гледам на работите. Благодарам за поддршката“, напишал Маркез на социјалните мрежи.
Сезонава, Маркез, победи на три трки.
Титулата во најсилната класа ја освои Фабио Квартараро од Јамаха.