Top Sport

Инспекторот Луис добро го провери болидот на Ред бул

Секогаш е важно да се провери што прави конкуренцијата. Тоа најдобро го знае седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, кој на стартот на зимското тестирање на патеката Сакир во Бахреин, реши добро да ги провери туѓите болиди, посебно тој на главните ривали Ред бул рејсинг.

Хамилтон и Мерцедес минатата сезона не остварија ниту една победа, првпат во кариерата на Британецот, додека Макс Ферстапен доминантно стигна до својата втора титула и очигледно е дека Хамилтон смета дека ривалите повторно ќе бидат фаворити.

Scroll to Top