Top Sport

Историја – Хамилтон победувал на 30 различни патеки

Луис Хамилтон, вчера, победи на Големата награда во Катар и влезе во историјата на Ф1. Патеката „Лосаил“ е 30. во Ф1 на која победил седумкратниот светски првак. Во Катар, возачот на Мерцедес, ја забележа 102. победа во кариерата.

Хамилтон во кариерата имал можност да се трка на 35 различни патеки, не успеал да победи на само пет. Од патеките кои се наоѓаат во календарот, тој нема победа во Зандворт. Големата награда на Холандија, оваа година се врати во календарот на Ф1.

Исто така никогаш не победил во Индија, Франција (Мањи-Кур), Валенсија и Хужна Кореја.

Најуспешен со по осум победи е на домашната трка во Силверстон и во Унгарија (Хунгароринг), една победа има помалку на патеката „Жил Вилнев“ во Канада. Шест победи забележал во САД, Кина и Шпанија. Во Јапонија има вкупно пет победи, славел на двете патеки во Сузука и Фуџи. Ист број на победи има во Монца, Сочи, Абу Даби и Бахреин.

Првенството во Ф1 ќе продолжи со премиерната трка за Големата награда на Саудска Арабија во Џеда. Трката ќе се вози на 5.декември.

Во пресрет на последните две трки, Хамилтон има осум поени помалку од лидерот Макс Ферстапен.

Scroll to Top