Кал Крачлоу наредната сезона ќе биде тест-возач во тимот на Јамаха. Информацијата, на официјалните профили на социјалните мрежи ја потврдија од овој тим. Крачлоу десет години е во Мото ГП шампионатот, последните шест сезони тој вози за ЛЦР Хонда.
Јамаха, потврди, дека моделот „YZR-M1“, ќе има ожност да го испроба во февруари наредната година во Малезија.
„Десетгодишното искуство во Мото ГП, неговата работа со три различни производители е добра препорака за Кал“, стои во соопштението што го објавија од Јамаха.
Крачлоу, од друга страна, потврдил дека ќе биде и замена во тимот, доколу се повреди некој од возачите. За Јамаха наредната сезона ќе возат Маверик Вињалес и Фабио Квартараро.
Искусниот мотоциклист во Мото ГП дебитираше во 2011 година. Во првите три сезони возеше за Тех 3 тимот, една година беше во Дукати, а потоа се пресели во ЛЦР Хонда.