Top Sport

Јаноне суспендиран на 18 месеци

Италијанскиот мотоциклист Андреа Јаноне поради позитивен допинг тест доби 18 месечна суспензија. Јаноне бил позитивен на тестот направен по трката за Големата награда на Малезија.

Јаноне нема да може да се занимава со тркачки активности до 16 јуни 2021 година, бидејќи казната му важи од 17 декември минатата година кога беше објавено дека паднал на допинг тестот.

Суспензијата која ќе важи до средината на наредната година под знак прашалник ја доведува кариерата на Јаноне во Мото ГП. Поради суспензијата од неговиот тим Априлија најавија дека ќе биде раскинат договорот со него.

Иднината на Јаноне е неизвесна бидејќи на најголем број од возачите во Мото ГП договорите им истекуваат оваа сезона, а ко се знае дека праксата во „кралската класа“ е возачите да потпишуваат две годишни договори тогаш е јасно зошто иднината на Италијанецот не е светла.

Јаноне во Априлија на тестирањата го замени Бредли Смит и голема е веројатноста е дека тој ќе вози за овој тим кога ќе стартува сезоната.

Scroll to Top