Top Sport

Капаш ги заразила сите во репрезентацијата

Светската шампионска во пливање Унгарката Богларка Капаш во вторникот објави дека е заразена со коронавирусот, а според најновите информации позитивни на вирусот биле уште осум пливачи и десет тренери.

Капаш (26) на својот „Инстаграм“ профил објави дека два пати била тестирана за да може да тренира. Првиот тест бил негативен, но на вториот била позитвна.

Богларка Капаш на Светското првенство минатата година освои златен медал во дисциплината 200 пеперутка.

Веднаш откако Капаш објави дека е позитивна на вирусот унгарската новинска агенција МТИ објави дека заразени биле уште осум пливачи и десет тренери и челнови на стручниот штаб на репрезентацијата на Унгарија.

Scroll to Top