Top Sport

Јос Ферстапен лут на Белгијците: Сега, одеднаш, тие велат Макс е нивни

Јос Ферстапен, таткото на Ф1 шампионот Макс Фертапен, признава дека се лути што одеднаш Белгијците сакаат да го „посвојат“ неговиот син.

24-годишниот Ферстапен има двојно државјанство – холандско преку татко му Јос и белгиско по неговата мајка, поранешната рели-тркачка, Софи Кумпен. Со години, Ферстапен се однесуваше кон Белгиското ГП во Спа како „домашна трка“, пред минатата сезона да се врати Холандското ГП во Цандворт и Јос има „проблем“ со тоа што неговиот син станал миленик на белгиските медиуми.

„Во моментов сите сакаат некаква врска со Макс. Од една страна, тоа е комплимент за него, бидејќи му оди многу добро. Изгледа добро, добро се претставува и останува уникатен и сфаќам зошто луѓето се горди. И јас секако! Но, во одредени моменти имам проблеми. На пример, дел од белгиските медиуми одеднаш тврдат дека Макс е Белгиец. Тоа е навистина мизерно. Се тркаме со години, но до пред неколку месеци во Белгија никој не пишуваше за него, а сега тој е нивни“, вели Јос во интервју за холандскиот весник „Де Телеграф“.

Тој додава дека самиот Макс се смета за Холанѓанец.

„Да, Макс ги има двете државјанства, бидејќи јас и Софи бевме во брак кога тој се роди. Но, бидејќи се трка под холандска лиценца, тој е повеќе Холанѓанец отколку Белгиец. Тој се чувствува како Холанѓанец. Кога играат фудбал, тој е за ‘оранје’“, додава Ферстапен.

Scroll to Top