Top Sport

Селски потег – Лаутаро го плукнал Тео по дербито на Милано

Фановите на Милан бараат казна за ѕвездата на градските ривали Интер, Лаутаро Мартинез, откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се покажува како Аргентинецот плука на Тео Ернандез за време на саботното „Дерби дела Мадонина“.

Левиот бек на Милан на снимката се симнува по скалите, по што Лаутаро истрчува и го навредува и го плука Французинот.

Спортскиот судија на Серија А утре ќе одлучува за дисциплинските мерки за мечевите од викендот.

Scroll to Top