Поранешниот Ф1 возач, Јос Ферстапен инсистира дека неговиот син Макс е подобро платен од неговиот поранешен колега од Ред бул, Даниел Рикардо.
Рикардо неочекувано потпиша за Рено минатата сезона, наводно за огромна плата, но оваа недела шефот на тимот, Сирил Абитебул призна дека Австралиецот ќе добие 20 отсто помала плата поради кризата со корона вирусот.
„Деталите не се договорени, но не верувам дека неговата плата ќе го дестабилизира нашиот тим“, изјави Абитебул.
Постариот Ферстапен веднаш се јави со коментар дека Макс заработува повеќе од Рикардо.
„Договорот на Рикардо е помал од нашиот. Можам само да потврдам дека Макс е многу, многу добро платен. Меѓу топ 3 сигурно. Хелмут Марко го цени Макс и знае колку вреди. Не знам колку добива Луис Хамилтон, но ние сме задоволни со Ред бул“, вели Јос Ферстапен.