Top Sport

Јос Ферстапен не верува дека неговиот син ќе ги победи Мерцедес

Јос Ферстапен, поранешниот Ф1 возач на Ероуз и Бенетон, и татко на асот на Ред бул Макс Ферстапен, не верува дека неговиот син ќе може да ги симне од тронот Луис Хамилтон и Мерцедес бидејќи Ред бул мора да заврши неверојатна работа за да ја надополни предноста на „Сребрената стрела“.

Во првите четири трки од 2021 година, Луис Хамилтон триумфираше трипати, додека Ферстапен јуниор се задоволи со една победа, и Јос смета дека Мерцедес може да направат рана предност.

„По зимските тестови и првата трка во Бахреин изгледаше дека Ред бул имаат многу добар болид во споредба со Мерцедес. Но, потоа, работите се сменија. Мерцедес се супериорни долго време, и уште имаат многу добар болид. Можете да забележите дека на нивниот болид гумите не се трошат толку брзи. Совет за Макс? Да вози повеќе на граница, за да остане со нив. Знам дека Ред бул, Хонда и Макс сакаат да ја освојат титулата, првпат по 2013 година, но во моментов немаат доволно добра машина и потребен им е голем чекор напред, и тоа што е можно побргу“, вели Ферстапен сениор за холандскиот весник „Де Телеграф“.

Scroll to Top