Top Sport

Пирло: Многу е едноставно, Интер беа подобри од нас

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, призна дека Интер „завршиле подобра работа“, биле погладни од нив и затоа ја освоиле титулата од Серија А, упатувајќи им честитки пред утрешниот клучен меч против „нераѕурите“ ово кои ќе бркаат поени за пласман во Лигата на шампионите.

На момците на Пирло им требаат три поени за да останат во трката за место во топ 4, и Пирло бил задоволен од тоа што го видел при победата над Сасуоло (1:3).

„Ми се допаѓаше односот во средата, како се регрупиравме по поразот од Милан и одигравме компактен натпревар. Да бевме така фокусирани во текот на целата сезона ќе имавме многу повеќе поени. На крајот на годината ќе се анализира ситуацијата за да не се повторат грешките. Интер беа подобри од нас, поконзистентни и погладни за титула. Утре, против новите шампиони на Италија ќе имаме повеќе мотивација. Честититки за титулата, но ние моравме да направиме многу повеќе“, објасни Пирло.

Scroll to Top