Марк Маркез ја забележа својата осма победа во спринт трките оваа сезона.
Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтот на култната патека во Муџело.
Покрај возачот на Дукати, место на подиумот изборија неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати и колегата од Дукати, Франческо Бањаја.
На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Банњаја, кој беше во водство откако Марк имаше бавен старт, но сè беше решено веќе во четвртиот круг кога Марк успеа да се пробие напред и потоа без проблеми ја заврши трката.
Банњаја успеа во последните два круга да им одолее на обидите на Маверик Вињалес да го загрози и да го задржи третото место.
Марко Бецеки возеше со оштетен мотор добар дел од трката по контактот со Педро Акоста, а на крајот сепак успеа да го задржи шестото место.
Од третото до десеттото место се пласираа:
Маверик Вињалес беше четврти пред Фабио ди Џанантонио, Марко Бецеки, Франко Морбидели, Раул Фернандез, Фермин Алдегер и Фабио Куартараро.
Трката во недела е закажана од 14 часот.