Возачот од академијата на Мерцедес, Џорџ Расел го заврши тестирањето на патеката Хунгароринг покрај Будимпешта со најдобро време и нов неофицијален рекорд на патеката.
Првиот ден на Расел во Хунгароринг беше одбележан со проблеми со менувачот, но во средата тој комплетираше 103 кругови и го победи Кими Раиконен во Ферари со најдобро време. Раиконен ја продолжи доминацијата на Ферари во утринската сесија, по што влезе во „битка“ со Расел за подобрување на времињата.
Расел, кој е добитник на „Аутоспорт“ наградата за најдобар млад возач во 2014 година, со новите „хипер-меки“ гуми на Пирели постави време од 1:15.575, за една десетинка подобро од претходното време на Антонио Џовинаци во Ферари од вторникот.
Раиконен имаше круг од 1:15.649, за да заврши со 0.074 секунди зад Мерцедес, а трет беше Џејк Денис во Ред бул со 2.5 секунди заостанување, но на „меки“ гуми. Џовинаци, беше четврт со фантастични 120 комплетирани круга, пред Никита Мазепин за Форс Индија и Роберт Кубица во Вилијамс. Лендо Норис беше седми за Мекларен, пред Артем Маркелов во Рено, а Шон Гелел беше деветти со 120 круга и 1:19.046 за Торо росо.
Со ова се завршува целата ограничена тест-програма во Ф1 оваа сезона, и спортот официјално влегува во летно „затворање“. Ф1 акцијата се враќа на Белгиското ГП во Спа Франкоршамп на крајот на август.
? @GeorgeRussell63 takes the flag and that’s a wrap for @F1 Testing in Budapest!#GR63 ?? #BudaTest pic.twitter.com/iHyuf8TxdV
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) August 1, 2018
Robert Kubica fires up and leaves the garage for the afternoon testing session in Budapest! #F1 #F1Testing pic.twitter.com/Wkj2lEbIl3
— WILLIAMS RACING (@WilliamsRacing) August 1, 2018
Hungarian Test – F1 is going on holiday. #BudaTest #F1Testing #ForzaFerrari https://t.co/Bn9gq4gsCb
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) August 1, 2018