Top Sport

Капак од шахта го прекина тренингот во Баку (Видео)

Првиот слободн тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Азербејџан е прекинат откако возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, налетал на капак од шахта.

Најпрвин возачот на Ферари, Шарл Леклер, со својот болид го поместил капакот, а потоа Расел налетал на капакот и го оштетил
својот болид, чии делови се разлетале по патеката.

Проблемите на Расел се зголемиле кога камионот на кој што бил натоварен болидот закачил една од рекламите над патеката, поради што масло од системот за хидраулика завршило на возилото.

Трката за Големата награда на Азербејџан, низ улиците на Баку, ќе се вози в недела на 28 април.

Scroll to Top